Данил Медведев е победник на УС Опен во 2021 година/фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Русите удрија по Медведев: Тој е Французин со руско потекло

Членот на руската дума и на надзорниот одбор на фудбалскиот тим Химки, Роман Териушков го нападна првиот тенисер на АТП ранг-листата, Данил Медведев кој одлучи да настапува на без руското знаме, односно да настапува под неутрелно знаме.

– Му честитам на Медведев за победите, но јас како и мнозинството Руси, не ги следам неговите последни настапи. Откако го тргна руското знаме на барање на Западот, настапите на Медведев не ме интересираат – изјави Териушков кој продолжи со нападите кон најдобриот руски тенисер.

– Навистина не разбирам што значи „рускиот тенисер“ Данил Медведев. Ако живее во Франција и има пасош од земјата која Москва ја означува како непријателска, веројатно подобро е да се напише „француски тенисер со руско потекло“.

Одговорот на нападите на Териушков дојде од поранешниот руски тенисер Евгениј кафелников кој е и двократен гренд слем шампион.

– Сите врвни тенисери живеат и тренираат во различни земји и тоа сосема нормално. Поради тоа, тврдењата на Териушков се бесмислени. Да се обвини Данил за некакво предавство и глупост – изјави Кафелников.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот