Русите наводно заробиле стотици украински војници при освојувањето на Авдиевка

Авдеевка, Украина / Фото EPA-EFE/ALEX BABENKO

Стотици украински војници исчезнаа или се заробени од руски единици за време на нивното хаотично повлекување од градот Авдиевка, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на високи западни претставници и војници кои се борат за Украина.

– Тоа е катастрофална загуба за Киев што може да му нанесе удар на веќе ослабениот морал по минатогодишната неуспешна контраофанзива и смената на главниот командант Валериј Залужни, наведува весникот.

Процените за тоа колку Украинци се заробени или исчезнати варираат, а засега не е познат точниот број.

„Њујорк тајмс“ се повикува на двајца украински војници наведува дека од 850 до 1.000 војници се заробени или исчезнати.

Украина има големи проблеми со мобилизацијата. Украинската војска соопшти дека сака да мобилизира до 500.000, но барањето наиде на политички отпор и е блокирано во Парламентот.

Русија на 10 октомври минатата година го нападна стратешки важниот град Авдиевка, лоциран во близина на регионалниот главен град Доњецк. Русија соопшти дека на 17 февруари градот е „целосно ослободен“ откако Украина соопшти дека ги повлекува своите сили од градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот