Претседателите на САД, Русија и Украина, Џо Бајден, Владимир Путин и Владимир Зеленски/ Фото ЕПА

Русија: Со набавка на касетна муниција, Вашингтон ќе биде одговорен за смртта на руски и украински деца

Руските власти денеска оценија дека одлуката на САД да испорача касетни бомби во Украина е гест на „признавање на слабостите“, додавајќи дека тоа ќе го направи Вашингтон „соучесник“ во убивањето цивили со тоа контроверзно оружје.

„Пренесувањето на касетна муниција е гест на очај и признавање на слабостите во контекст на неуспехот на таканаречената украинска контраофанзива“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Руската дипломатија го осуди „циничниот обид да се продолжи агонијата на актуелните украински власти кои не се грижат за цивилните жртви“, бидејќи овие касетни бомби убиваат неселективно.

„Со набавка на касетна муниција, Вашингтон всушност ќе биде соучесник и ќе биде одговорен за смртта на руски и украински деца“, додаваат руските власти.

Тоа оружје е забрането во многу земји, особено во Европа, потписнички на Конвенцијата од Осло од 2008 година. Во таа конвенција не се вклучени ниту САД, ниту Украина, ниту Русија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека одлуката за испорака на касетна муниција во Украина е „многу тешка“, но дека е „исправна“.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испратат касетна муниција во земјата.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Во објава на Твитер, Резников рече: „Новото оружје значително ќе ни помогне да ги деокупираме нашите територии, истовремено спасувајќи ги животите на украинските војници“.

Тој рече дека муницијата „нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“.

Од касетните бомби кои убиваат и по неколку години НАТО не се откажува, велат дека тие се за одбрана на Украина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот