Русија потврди дека ИД го координирала нападот во концертната сала во Москва

Терористички напад близу Москва/ EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Русија за првпат соопшти дека ИД го координирала нападот во март во концертна сала во Москва, најсмртоносниот терористички напад во земјата во изминатите две децении.

„Во текот на истрагата…беше утврдено дека подготовките, финансирањето, нападот и повлекувањето на терористите биле координирани преку интернет од страна на припадници на ИД – Хорасан, активен огранок на ИД во Авганистан и Пакистан“, изјави Александар Бортников, шеф на ФСБ.

ИД во неколку наврати ја презеде одговорноста за нападот на 22 март во кој загинаа над 140 луѓе, но Москва постојано се обидуваше да ги поврзе Украина и Западот со нападот.

Бортников сепак не го отфрли украинскиот агол во своите изјави а велејќи дека „по завршувањето на нападот, терористите добиле јасни инструкции да се движат кон украинската граница, каде од другата страна им бил подготвен „прозорец“.

Украина постојано негираше вмешаност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот