T-72B3M москва русија воена парада
T-72B3M на Воената парада во Москва, Русија / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Русија од „денацификација“ се префли на „десотонизација“ во Украина?

Кога рускиот претседател Владимир Путин ја започна војна против Украина, тој ја истакна „денацификацијата“ на Украина како една од клучните цели на Русија.

Но, вчера рускиот Совет за безбедност премина од „деназификација“ на Украина на „десотонизација“ на таа земја. Имено, Алексеј Павлов, функционер на Советот за безбедност, тврди дека е неопходно да се изврши „десотонизација“ на Украина и дека во таа земја има „стотици секти“ кои ги напуштиле православните вредности.

На неговите тврдења одговори украинската новинарка на „Киев Индепендент“, Анастасија Лапатина, која на Твитер објави податоци за религиозноста на Украинците.

„Апсурдна промена на наративот во Русија. „Денацификацијата“ се чини дека е заменета со „десотонизација“. Официјален претставник на рускиот совет за безбедност вели дека во Украина има стотици религиозни секти чија моќ порасна од 2014 година и се обидуваат да ги згаснат идеалите на Аврамски религии“, објави Лапатина.

„Во реалноста: околу 70% од Украинците се религиозни, 60% се сметаат себеси за православни, 10% се грчки католици, 1,5% се протестанти, 8,5 се „само христијани“, а околу 20% не се религиозни. Ова се податоците на Центарот Разумков од 2021 година“, соопшти таа.

„Половина од верниците во Украина велат дека одат на религиозни служби. Не заборавајте за Евреите и муслиманите. Нивниот број е тешко да се процени, но секоја од овие религии има стотици или илјадници членови во Украина“, вели новинарката од Киев Индепендент.

„Не можеа да ги најдат нацистите во Украина, па сега го бараат сатана. Кој е следниот? се запраша таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот