На сите членови на семејствата на војниците кои загинаа за време на специјалната операција во Украина ќе им биде исплатено осигурување предвидено со закон и еднократна отштета во износ од 7.421.000 рубљи (околу 63.000 евра)./Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Русија ќе исплати над 100.000 евра на секое семејство на загинат војник

Рускиот претседател Владимир Путин информира дека загуби трпи и руската армија.

„Наша должност е да ги поддржиме семејствата на загинатите и ранетите воени соборци кои се бореле за безбедноста на татковината, за нашиот народ, за народот на Русија“, рече рускиот претседател.

На сите членови на семејствата на војниците кои загинаа за време на специјалната операција во Украина ќе им биде исплатено осигурување предвидено со закон и еднократна отштета во износ од 7.421.000 рубљи (околу 63.000 евра).

„Ќе се исплати и месечен надоместок на секое семејство на умрените. Но, дополнително, сметам дека е неопходно да се одобрат дополнителни плаќања за секое семејство на загинат војник на Министерството за одбрана, војници и членови на други безбедносни структури кои учествуваат во операцијата во износ од 5.000.000 рубљи (околу 42.000 евра). “, рече Путин.

Тој додаде дека војниците кои биле ранети за време на операцијата ќе добијат осигурување и еднократна помош.

„Русите и Украинците се еден народ и никогаш нема да се откажам од тоа“, рече Путин.

ВО ЖИВО | Една недела од рускиот напад во Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!