Совет за човекови права на ОН / Фото: Архива

Русија исфрлена од Советот за човекови права на ОН

Генералното собрание на ОН гласаше за исклучување на Русија од Советот за човекови права. Извештаите за „тешки и систематски прекршувања на човековите права“ од страна на руските војници во Украина беа наведени како формални причини за протерување на Русија, пренесува Ројтерс.

За протерување на Русија гласаа 93 земји, 24 беа против, а 58 беа воздржани.

Русија беше поддржана од Северна Кореја и Сирија

Протерувањето на Русија го предложија Велика Британија и САД поради масакрот во Буча. Пред гласањето во ОН, украинскиот амбасадор Серхиј Кислиција ја обвини Русија за „ужасни“ кршења на човековите права и зборуваше за масакрот во Буча, град во близина на Киев, каде Украина ги обвинува Русите за убиство на десетици цивили.

Рускиот претставник Генадиј Кузми го осуди гласањето. Русија беше поддржана од Северна Кореја и Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот