Русија го користи најновиот авион Су-57 за напад врз цели во Украина!?

Руските воздухопловни сили во последните борбени операции на фронтот во Украина ги ставиле во акција нивните најнови борбени авиони Су-57 таргетирајќи позиции на украинската војска.

Су-57 Фелон, развиен од Сухој, претставува руски стелт-ловец од петта генерација дизајниран за разновидни борбени способности против копнени, воздушни и поморски цели. Неговиот прв лет се случи во јануари 2010 година, со последователно борбено тестирање во Сирија во 2018 година.

На 18 февруари, придружуван од два авиони Су-35, Су-57 извршил ракетен напад, а според информациите на руските сили леталото било вооружено со напредна крстосувачка ракета „x-69“, специјално дизајнирана за платформата на овој авион.

Делувајќи од окупираната територија на регионот Луганск, Су-57 навлегол во украинскиот воздушен простор под придружба по што следело лансирање на проектилот.

Сепак во извештаите стои дека поради дефект во системот ракетата ја промаршила метата и паднала во поле.

Дополнително, во информациите на руските медиуми стои дека Русите го користеле најновиот Су-57 во ракетниот напад врз Украина за да направат воен пропаганден филм.

Овој филм се очекува да биде прикажан како доказ за „успешниот“ развој на руската одбранбена индустрија пред претстојните претседателски избори во Русија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот