
Руни крајно разочаран: Не го познавам овој Манчестер јунајтед, сите чекаат клубот да се распадне
Легендата на Манчестер Јунајтед и најдобар стрелец во историјата на клубот, Вејн Руни, со голема доза разочараност зборуваше за состојбата во неговиот поранешен клуб. Во интервју за „Би-Би-Си“, Руни, кој со дури 253 гола го носи статусот на клупска икона, без влакна на јазикот изјави дека овој Јунајтед „не го препознава“.
Препорачано
„Сите сега само седат и чекаат сè да се распадне. Ова не е Манчестер Јунајтед што го знам. Не гледам борба кај фудбалерите, нема карактер, нема желба за победа, ни способност. Сето ова што му се случува на клубот е загрижувачко“, изјави Руни.
Тој порача дека мора да се испрати јасна порака до сопствениците за правецот по кој оди клубот, потенцирајќи дека тимот не успеал да врзе две победи по ред уште од јануари.
Ќе потсетиме, Манчестер Јунајтед и оваа сезона игра под очекувањата и по шест кола во Премиер лигата имаат три порази и се наоѓаат дури на 14. место на табелата.
Преземено од: Спорт.ком.мк
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
2час
-
3час
-
5час
-
5час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5