Румен Радев/ Фото: МИА

Румен Радев од Бугарија: Да се најде политичко решение за надминување на историските прашања

На вториот ден од средбата на македонско- бугарската комисија, пристигна нова порака од бугарските власти. Овојпат од претседателот на Бугарија Румен Радев бара политичко решение за надминување на историските прашања.

Тој за БГНЕС изјави дека луѓето од бугарско-македонската комисија биле професионалци, и дека тие ќе ја барале и бранеле, како и досега, историската вистина и бугарскиот национален интерес.

-Мојата порака до нив е дека политичарите не можат да абдицираат од овој важен процес за Бугарија и Македонија и ЕУ. Крајно време е да се најде политичко решение што ќе ги потврди сите принципи на почитување на историјата и добрососедството и почитување на нашиот идентитет и јазик, рече Радев.

Тој ваквиот став го објаснува, дека тоа било одговорност на земјата – кандидат за членство во ЕУ.

-Секогаш има простор за компромиси, но тие не можат да се направат со историја, идентитет и јазик, или со барање за националните малцинства, рече Радев.

И додека се нижат пораките на бугарскиот политичкки врв, во парламентот во Софија втор ден ќе се одлучува за преименување на 24 мај, од Ден на сесловенската писменост во Ден на бугарската писменост.

Предлогот кој е на „Обединети патриоти“ на Красимир Каракачанов, а го поддржа и партијата на премиерот Бојко Борисов, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), на почетокот на месецот беше усвоен на прво читање во Парламентот.

Според договореното на средбите Мешовитата македонско-бугарска комисија даде зелено светло за одбележување на пет историски личности од значење за историјата и културата на македонскиот и бугарскиот народ – Свети Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Наум и цар Самуил.

Според македонските власти ваквиот чекор на Бугарије не е во согласност со Договорот за добрососедство.

-Мислам дека тоа не е во согласност со Договорот и не е во согласност со работата на Комисијата, бидејќи за Свети Кирил и Методиј посебно комисиите имаат постигнато консензус и дефинитивен текст како да се интерпретира улогата и како да се одбележат заеднички меѓу двете држави и секое поместување од тоа што го работеле комисиите значи дека се минира целиот процес на комисиите- рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот