Марко Рубио / Фото: EPA-EFE/CARLOS LEMOS

Рубио вели дека жителите на Гренланд не сакале да бидат дел од Данска

Данска треба да се фокусира на фактот дека Гренланѓаните не сакаат да бидат дел од оваа земја, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Брисел.

– Гренланѓаните ќе донесат одлука, им рече Рубио на новинарите на прес-конференција по состанокот со другите министри за надворешни работи на НАТО.

Рубио денеска со шефот на данската дипломатија Ларс Локе Расмусен ги потврди „силните односи“ меѓу двете земји, кои во реалноста се екстремно затегнати по доаѓањето на Трамп на власт во САД и неговите претензии на островот, кој за Америка има големо стратешко и безбедносно значење.

Идниот премиер на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, денеска за данската телевизија ТВ2 изјави дека Рубио греши.

– Не е во право дека Гренланд сака утре да прогласи независност. Тој е во право дека Гренланд не сака да биде дански, но Гренланд сигурно не сака да биде американски, рече тој.

„Секојдневно работиме да создадеме основа за да можеме еден ден да бидеме независни, но се уште не сме таму. Тоа што го кажува Рубио не држи вода“, додаде Нилсен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот