Фото: КФСМ

Рубин Стефанов: Се надевам дека ќе ја оправдам довербата

Рубин Стефанов е најмладиот члeн на  кошаркарсата репрезентација која од вчера се подготвува за последните два натпревари во квалификациите за СП 2023. Талентираниот кошаркар по втор пат за релативно кратко време, доби шанса од селекторот Драган Бајиќ да биде дел од сениорскиот национален тим.

Селекторот одлучи на последните две квалификациски средби од првата фаза за место на СП 2023 да го повика 17- годишниот член на Канту, кој пак не го криеше задоволството што во следниот период ќе помине со најдобрите наши кошаркари.

– За секој млад играч најголемиот сон е да биде дел од најсилната национална репрезентација на својата земја. Голема чест е што добив и повик, и што имам шанса да тренирам и да учам од најдобрите. Ова е големо искуство, мотив за понатаму.Ќе го дадам максимумот на секој тренинг, се надевам дека ќе ја оправдам довербата на селекторот Бајиќ, му благодарам за укажаната шанса – вели Рубин Стефанов.

Инаку, селекцијата на Македонија во среда патува за Шпанија, каде на 1. јули, во Сарагоса ќе ги одмери силите со актуелниот светски првак, a три дена подоцна во Скопје ја пречекуваme Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот