фото: РК Еурофарм Пелистер

Рубен Гарабаја пред Супер купот во Кавадарци: Ќе видиме поинаков Вардар

В среда (3 септември) во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци ќе се одигра натпреварот од ракометниот Супер Куп 2025 помеѓу екипите на Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

На последниот тренинг пред заминувањето во Кавадарци, своите очекувања за претстојниот дуел ги сподели тренерот на Еурофарм Пелистер, Рубен Гарабаја:

– Никогаш не сте целосно подготвени, бидејќи за време на сезоната постојано напредувате и учите. Мислам дека имавме добра претсезона и најважно е што немавме сериозни повреди. Тоа што се случи сѐ до денес – веќе не е важно. Вистинското натпреварување почнува со Суперкупот и ќе видиме поинакви тимови. Ќе видиме поинаков Вардар и сигурно поинаков Еурофарм Пелистер. Се надевам дека нашиот тим ќе биде уште подобар за разлика од подготовките. Мојата идеја е дека секој играч ми треба за секој натпревар, а не за цела сезона. Сакам да го користиме секој ракометар на секој натпревар, бидејќи сакаме да играме силно темпо. Имаме добри играчи на сите позиции и ги имаме по двајца или тројца по позиција. Се надевам дека тоа ќе го искористиме – рече Гарабаја.

Рудолф Хекберт, ракометарот на Еурофарм Пелистер, едвај чека да почне натпреварот со Вардар:

– Многу сум задоволен тука во Битола, задоволен сум со клубот и градот. Соиграчите многу добро ме пречекаа и подготовките ги минавме одлично. Одигравме корисни пријателски натпревари и спремни сме за тоа што доаѓа. А сега доаѓа најдоброто. Мислам дека сме спремни за Суперкупот на Македонија против Вардар. Имаме многу натпревари пред нас, но ростерот е долг и квалитетен. Мислам дека сите можеме да придонесеме во успехот на колективот. Дојдов да помогнам во овој одличен тим и едвај чекам да почнат официјалните натпревари. За еден спортист дерби натпреварите се нешто посебно. За такви натпревари работиме, тренираме и се жртвуваме. Уште на пријателските натпревари проти Вардар видов дека нема ништо пријателско и мора да се игра сериозно. Едвај чекам да почне натпреварот – се зборовите на Хекберт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!