
Роналдо Назарио: Лионел Меси ја заслужува „Златната топка“
Бразилската фудбалска легенда, Роналдо Назарио вели дека фудбалерот на Интер Мајами Лионел Меси треба да ја освои наградата „Златната топка“ пред Ерлинг Халанд од Манчестер сити.
Препорачано
Меси, Халанд и Килијан Мбапе од ПСЖ се меѓу фаворитите за освојување на „Златната топка“ оваа година.
Победникот на „Златната топка“ за 2023 година ќе биде објавен следната недела.
Роналдо верува дека Меси треба да ја освои наградата без никаков сомнеж откако ја предводеше репрезентацијата на Аргентина да го освои Светското првенство во ФИФА во Катар 2022.
– Златната топка треба да му припадне на Лионел Меси, без сомнение. Она што го направи Меси на Светското првенство беше посебно. Ме потсети на настапите на Пеле и Марадона – рече Роналдо, а пренесува „ТНТ Спортс“.
Меси има најмногу „Златни топки“, вкупно седум, последната ја освои во 2021 година, втор на оваа вечна листа е Кристијано Роналдо (пет), а лани „Златната топка“ заврши во рацете на Карим Бензема.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
58мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5