Роналдо го доби судскиот спор против Јувентус

Фото: EPA-EFE/Alberto Estevez

Кристијано Роналдо ја доби правната битка која ја водеше против Јувентус поради неисплатени плати. Органите за фудбалскиот сојуз на Италија донесоа пресуда според која Јувентус има обврска на Роналдо да му исплати повеќе од 9.7 милиони евра и камати на заостанатата заработка.

Роналдо од Јувентус првобитно бараше 19.5 милиони евра, но на крајот не ја доби таа сума. Јувентус во текот на кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот ги намали платите на сите играчи подеднакво, а потоа во 2021 година се разговарало поединечно со секој фудбалер.

Во тој момент Роналдо заработуваше 30 милиони евра нето годишна плата и се согласил на одложена исплата на еден дел додека не заврши пандемијата. Сепак, Јувентус тие пари никогаш не му ги исплатил, па Португалецот се одлучи на тужба.

Роналдо дојде во Јувентус од Реал Мадрид во 2018 година и за италијанскиот клуб постигна 101 гол на 134 натпревари, освои пет трофеи вклучувајќи и титули во Серија А во 2019 и 2020 година. Во овој момент Португалецот е член на Ал Наср каде што игра од 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот