Роналдо е многу блиску до уште еден рекорд во светскиот фудбал

Фото: EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Кристијано Роналдо низ кариерата сруши бројни рекорди, а сега би можел и уште еден.

Имено, Роналдо со 26 постигнати гола во овој момент е најдобар стрелец во саудиската Про лига и извесно е дека ќе биде најдобар стрелец во првенството на крајот од сезоната. Прв зад Роналдо е Александар Митровиоќ со четири гола помалку, но српскиот напаѓач и се повреди.

Ако Роналдо актуелната натпреварувачка година ја заврши како најдобар стрелец во Саудиска Арабија ќе постави нов рекорд во светскиот фудбал. Имено, тој ќе стане првиот играч кој во четири различни првенства бил најдобар стрелец.

Роналдо најдобар стрелец беше во Манчестер Јунајтед во Премиер лигата (2008), потоа трипати во дресот на Реал Мадрид и во сезоната 2021 во италијански Јувентус.

Меѓутоа Роналдо не е единствениот кој го „брка“ овој рекорд. До вакво достигнување може да дојде и Луис Суарез кој денес игра во МЛС лигата за Интер Мајами. Суарез првпат најдобар стрелец беше во Ајакс, потоа во Премиер лигата како играч на Ливерпул и во дресот на Барселона во Ла Лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот