Романија знаме/Фото: Профимедиа

Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на ОБСЕ

Романија го презеде претседавањето со Комитетот за безбедност на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), соопшти Министерството за надворешни работи на земјата. Мандатот се презема на барање на актуелното претседавање со ОБСЕ, кое го има Северна Македонија.

Должностите на Комитетот вклучуваат дискусија за невоените и политичките аспекти на безбедноста и помагање во подготовките за организацијата на Годишната конференција за преглед на безбедноста на ОБСЕ.

„Во контекст на извршувањето на овој мандат, Романија ќе го поддржи постигнувањето на целите на организацијата во областа на борбата против трговијата со луѓе, управувањето со границите и борбата против тероризмот. На овој начин, во соработка со актуелното претседавање со ОБСЕ на Северна Македонија, Романија ќе посвети зголемено внимание на спроведувањето на обврските преземени од сите земји учеснички и ќе го олесни консолидирањето на меѓународните напори за борба против транснационалните безбедносни закани”, се наведува во соопштението до медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот