кијану ривс
Фото: Принтскрин / Instagram

„Ролексот“ од 9.000 долари кој беше украден од домот на Кијану Ривс пронајден во Чиле

Полицијата во Чиле соопшти дека пронашла три часовници на американскиот актер Кијану Ривс, вклучително и „Ролекс“ од 9.000 долари, за кој се верува дека бил украден од домот на актерот во Лос Анџелес кон крајот на минатата година.

Како што пишува „Си-ен-ен“, полицијата пронашла три часовници во Чиле, а се верува дека еден од нив му припаѓа на Ривс.

Како што се наведува, часовникот од марката „Rolex Submariner“ на чија позадина е изгравирано „2021, JV4, благодарам, Џон Вик пет“, наводно, бил пронајден оваа сабота во источниот дел на Сантијаго во текот на полициската операција поврзана со серијата локални грабежи.

Покрај часовникот, пронајден е и накит, а при рацијата е уапсено и 21-годишно момче. Чилеанската полиција соработува со полицијата во САД за да се реши случајот што е можно поскоро.

Чилеанските власти соопштија дека пронашле накит и „вредни“ часовници за време на рациите во четири домови, при што најмалку еден часовник „припаѓал на добро познат актер кој бил жртва на грабеж во Лос Анџелес во декември 2023 година“.

Кијану Ривс по 21 година повторно се соедини со својот стар бенд

ФОТО | Секогаш свој, непроменет од славата: Кијану Ривс се прошета со шноли на главата низ Берлин

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот