
Ролан Гарос: Квитова во полуфиналето по осум години
Чешката тенисерка Петра Квитова обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на грен слем турнирот во Париз откако во четвртфиналето ја победи Лаура Зигемунд со 6:3,6:3.
Нетипично за женскиот дел од турнирот, во првиот сет имаше само еден брејк кој го направи Квитова во четвртиот гем со кој поведе со 3:1. До крајот на првиот сет немаше други шанси за брејк по што чешката тенисерка си обезбеди водство од 1:0 во сетови.
Препорачано
Во вториот сет текот на настаните беше поинаков, Квитова два пати ја загуби предноста од брејк. Но, третиот брејк на сервисот на противничката која имаше проблеми со грбот, го направи во осмиот гем кога поведе со 5:3 по што во наредниот гем на свој сервис ја искористи втората меч топка.
Со пламсанот во полуфиналето, Петра Квитова го израмни својот најдобар пласман на Ролан Гарос, претходно во 2012 година во полуфиналето беше поразена од Марија Шарапова.
Таа во мечот за пласман во финалето ќе игра против подобрата од американската пресмерка Софија Кенин – Даниел Колинс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
51мин
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5