Ролан Гарос: Квитова во полуфиналето по осум години
Слободен печат
Пред
epa08726339 Petra Kvitova of the Czech Republic reacts as she plays Laura Siegemund of Germany during their women?s quarter final match during the French Open tennis tournament at Roland ?Garros in Paris, France, 07 October 2020. EPA-EFE/IAN LANGSDON
Чешката тенисерка Петра Квитова обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на грен слем турнирот во Париз откако во четвртфиналето ја победи Лаура Зигемунд со 6:3,6:3.
Нетипично за женскиот дел од турнирот, во првиот сет имаше само еден брејк кој го направи Квитова во четвртиот гем со кој поведе со 3:1. До крајот на првиот сет немаше други шанси за брејк по што чешката тенисерка си обезбеди водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет текот на настаните беше поинаков, Квитова два пати ја загуби предноста од брејк. Но, третиот брејк на сервисот на противничката која имаше проблеми со грбот, го направи во осмиот гем кога поведе со 5:3 по што во наредниот гем на свој сервис ја искористи втората меч топка.
Со пламсанот во полуфиналето, Петра Квитова го израмни својот најдобар пласман на Ролан Гарос, претходно во 2012 година во полуфиналето беше поразена од Марија Шарапова.
Таа во мечот за пласман во финалето ќе игра против подобрата од американската пресмерка Софија Кенин – Даниел Колинс.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Oткако Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ, побара Македонија да врати 2,2 милиони евра европски пари што биле дадени во земјава, а потоа биле злоупотребени во програмата „Еразмус Плус“, следува молк од државните институции. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Амбасадорот на Европската Унија во земјава Дејвид Гир денеска истакна дека ЕУ …
Војната во Украина влегува 765 ден. Руската армија во раните утрински часови изврши уште една серија напади врз критичните инфраструктурни објекти на Украина, пишува Киев пост. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Руските сили ја нападнаа инфраструктурата во областа Камјанск во близина на украинскиот град Днипро рано во петокот, при што беше повредено најмалку …