
Роџер Вотерс го поддржа Хамас: Израелците измислија приказни за колење бебиња
Коосновачот на „Пинк Флојд“, гитаристот, текстописец и композитор Роџер Вотерс рече дека Хамас има „морална обврска да се спротивстави на окупацијата“ на 7 октомври и го обвини Израел дека „измислува приказни“ за терористичкиот напад, пишува „Економик тајмс“.
Препорачано
Вотерс – кој рече дека е „против целата ционистичка вежба“ продолжи да ги доведува во прашање злосторствата извршени од Хамас – велејќи дека терористичката организација е „апсолутно законски и морално обврзана да се спротивстави“.
„Не знаеме што направија, но дали им беше оправдано да се спротивстават на окупацијата? Да! Но, сепак тоеа е Женевска конвенција – тие се апсолутно правно и морално обврзани да се спротивстават на окупацијата од 1967. Тоа е обврска. Како што кажав во изјавата потоа, ако беа извршени воени злосторства, ќе ги осудев. Конечно излегоа со бројки колку луѓе се всушност убиени тој ден. Веројатно првите 400 биле израелски војници – тоа не е воено злосторство. Се разбира дека не осудувам, но Израелците измислија приказни за обезглавување бебиња“, рече тој.
Гитаристот, исто така, тврдеше дека се појавиле обвинувања за антисемитизам „затоа што немаат одговор на аргументот“.
„Не можете да ја браните државата Израел во геноцидот што се случува денес и утре и задутре во Газа“, рече тој.
Овој 80-годишен музичар во текот на летото предизвика контроверзии носејќи капут во „нацистички стил“ на неговите концерти, поради што германската полиција го истражуваше по концертот во Берлин.