Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHER NEUNDORF

Родригез: Бод не е лошо за почеток на Светско првенство, против Македонците не е лесно

Унгарија влезе како фаворит во натпреварот против Македонија, но во вчерашниот дуел Унгарците извлекоа бод во последните моменти од средбата која заврши без победник 27:27.

Македонија беше на чекор од голема победа, меѓутоа загубивме топка во последните секунди и примивме гол кој за нас донесе разочарување.

Со оглед на тоа што се случуваше на теренот во Унгарија се задоволни од освоениот бод.

„Мораме да сме задоволни од конечниот резултатот. Не дозволуваме лесни погодоци, но пропуштивме неколку прилики во нападот и така си ја отежнивме ситуацијата. Најважно е што не се предадовме и што продолживме да се бориме. Бод не е лошо за почеток на едно Светско првенство и против Македонците не е лесно да се игра“, изјави Родригез.

Во второто коло кое на програмата е утре Македонија ќе игра натпревар со Холандија, додека Унгарија оди на Гвинеја.

Лазаров по ремито со Унгарија: Горд сум на играчите, само вака да продолжиме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!