Аргентинските фудбалери тренираат во Доха пред мечот со Хрватите/фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Роберт Јарни: Аргентинците играат грубо и сакаат да провоцираат

Поранешниот хрватски репрезентативец Роберт Јарни изјави дека аргентинските играчи сакаат да провоцираат и да играат грубо и се надева дека хрватските фудбалери нема да „паднат во таа замка“ на денешниот полуфинален натпревар (20.00 часот) на Светското првенство во Катар.

– Она што можам да го кажам за Аргентина е дека сакаат да провоцираат. Тие ги провоцираат противничките играчи за да реагираат и да бидат исклучени. Во нивната земја играат многу тежок фудбал со многу груби зафати на нозете на играчите. Тоа е нивниот стил. Нашиот е поинаков, па се надевам дека нема да паднеме во нивната замка – изјави Јарни за шпански „АС“.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, сегашниот селектор на хрватската репрезентација до 17 години, вели дека Аргентинците го имаат напаѓачот Лионел Меси, но дека Хрватска ги има Лука Модриќ, Матео Ковачиќ и други добри играчи.

Јарни беше дел од хрватската репрезентација која освои бронза на СП во Франција во 1998 година. Тогаш „коцкестите“ беа поразени од домаќините во полуфиналето, а истиот ривал ја совлада Хрватска пред четири години во финалето на Светското првенство во Русија.

– Се разбира, сите ние во Хрватска сакаме да се одмаздиме за тоа. Но, потребно е да се оди чекор по чекор. Прво треба да ја елиминираме Аргентина, а тоа ќе биде убав натпревар за гледање – се зборовите на Јарни.

Далиќ на „слатки маки“: Дали ова е можниот состав со кој ќе истрча Хрватска против Аргентина?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот