РК Вардар 1961 /Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

РК Вардар лесно го мина Бутел и дојде на еден чекор до титулата

Ракометарите на Вардар славеа со високи 23:33 во претпоследното коло во ракометката Суперлига и се приближија на само еден чекор од освојување на двојната круна.

Вардарци со победата во Битола во големото дерби против Е. Пелистер го прескокнаа ривалот на табелата, а минатиот викенд над истиот противник триумфираа во Купот на Македонија. Двојната круна ќе ја освојат доколку во последното коло, на домашен терен го совладаат тимот на Тиквеш.

„Црвено-црните“против Бутел постојано имаа предност, која се движеше од 2-3 гола, но на одмор заминаа со сигурни 12:16.

Во вториот дел, Вардар брзо поведе со 17:22, а домашниот тим успеа само да дојде до минус три (19:22), по што „црвено-црните“ уфрлија во „ брзина“ и дојдоа до убедлив триумф од 23:33.

Најефикасен во редовите на Вардар беше Тимур Дибиров со седум гола, додека кај Бутел се истакна Мирко Мајиќ со пет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот