фото: facebook/RK Butel Skopje

РК Бутел Скопје најдобар на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево

Ракометниот клуб на Бутел Скопје го освои трофејот на меморијалниот турнир „Горан Ченгиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина откако во драматично финале го совлада составот на Вогошча со 38:37, по ударите од седум метри.

Во регуларниот дел натпреварот заврши 30:30, иако Бутел Скопје можеше многу порано да го реши прашањето околу победникот. Водеше на паузата со 16:14, како и со шест гола во вториот дел, но упорната босанска екипа успеа до крајот да стигне до реми.

По првите пет пенали беше повторно нерешено, 33:33, па мораше нова серија удари од седум метри. Таму издоминираа голманите на Бутел Скопје, Бојан Блажески кој одбрани два пенали, како и Александар Стојаноски, кој го запре последниот удар на Фахрудин Мелиќ по што следуваше радоста на македонскиот претставник.

Филип Николов постигна дури 16 гола на овој натпревар, додека по пет пати во листата на стрелците се запишаа Дамјан Субашевски и Димитар Ѓеоргиевски.

Претходно во групната фаза, Бутел Скопје убедливо славеше против Босна Сараево, Рудар Плевља и Марибор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот