
РК Алкалоид на долгорочен план би бил расадник на идни македонски репрезентативци
Со засилен играчки ростер и со нов тренер, ракометниот клуб Алкалоид го најавува своето учество во Суперлигата во новата сезона. Заокружувајќи ја својата прва сезона со исклучителни резултатски остварувања и без пораз, сениорскиот тим го освои победничкиот пехар во Првата лига, со голема предност пред второпласираната екипа, и обезбеди директен пласман во Суперлигата.
Препорачано
Исправен пред нови предизвици, меѓу кои и настапот во најсилната конкуренција, во Суперлигата, РК Алкалоид влегува подготвен во новата сезона, со наменски модифициран и засилен состав, со силна амбиција и со јасна развојна определба, која во преден план го има доброто на македонскиот ракомет. Клубот останува доследен на принципот да расте и да се развива во квалитетна база на млади македонски ракометари, кој на долгорочен план би бил расадник на домашни ракометни таленти и на идни македонски репрезентативци.

Една од клупските развојни цели за претстојната сезона е континуирана надградба на системот воспоставен со основањето на клубот, во чиј фокус се вистинските спортски, но и животни вредности, кои треба да се развиваат и да се поттикнуваат во еден правилно организиран и професионален спортски систем.
РК Алкалоид својата прва сезона ја заокружи успешно на секое организациско и категориско ниво. Покрај успесите на сениорската екипа, младинскиот тим на клубот стана првак на Македонија, кадетскиот беше финалист на Ф4, а пионерите стигнаа до четврт-финалето. Особено е важно што клубот успеа да состави тим од млади македонски ракометари, на кои им обезбеди современи услови за работа, и што придонесе за зголемување на репрезентативната база во сите возрасни категории.
Екипата на РК Алкалоид за сезоната 2022/2023
Играчи:
1. Јане Цветковски – голман
2. Иван Галевски – голман
3. Благојче Трајковски – голман
4. Дарио Кофилоски – лево крило
5. Давид Димевски – лев бек
6. Едвин Омерагиќ – лев бек
7. Теодор Тодески – лев бек
8. Михајло Младеновиќ – лев бек
9. Божидар Илиески – централен бек
10. Марко Митев – централен бек
11. Игор Ѓоргиев – централен бек
12. Мартин Серафимов – десен бек
13. Михаил Иваноски – десен бек
14. Александар Петковски – десно крило
15. Александар Стојков – десно крило
16. Никола Маркоски – пивот
17. Марко Стојковиќ – пивот
18. Кристијан Симоноски – пивот
Стручен штаб:
Тренер: Кирил Лазаров
Помошник-тренер: Билјана Црвенкоска
Кондициски тренер: Петар Баснарков
Физиотерапевт: Тоше Ристовски
Менаџмент:
Претседател на клубот: Горан Минов
Оперативен директор: Милош Милошевски
Спортски директор: Љубомир Савевски
Технички секретар: Анита Вучидолова