Рита Ора сега и во детските денови / Фото: Profimedia

Рита Ора за албанските корени: „Потекнувам од работничко семејство, немав многу кога растев…“

Пејачката Рита Ора (33) признава дека со години се бори со тоа да им каже „не“ на работните обврски бидејќи нејзиното семејство ѝ припаѓа на работничката класа.

„Кога доаѓате од средина во која не сте имале многу, навистина е тешко да ги одбиете понудите. Учам како да кажам не, но сакам да работам“, изјави пријачката во своето последно интервју, а пренесе „Сан“.

„Јас ја имам истата работна етика како мајка ми“, додала Ора, која од Албанија се преселила во Велика Британија уште кога била бебе. Не е тајна дека кога живеела во западен Лондон, Ладброук Гроув, се чувствувала како да не припаѓа таму. Но, сега се чувствува сигурна каде и да е и тоа го препушува на својата возраст.

Рита Ора во детските денови / Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

„Најмногу се забавуваш во дваесеттите години од животот и тоа е, всушност, врвот на сè во животот – особено во поп музиката. Сепак, сметам дека моите триесетти се најдобри за мојата кариера бидејќи сите оние грешки и обиди кои сум ги правела претходно, сега ги гледам од поинаква перспектива“, раскажа пејачката.

Рита Ора во 2010 година / Фото: Jean-Marc HAEDRICH / Visual / Profimedia

Покрај кариерата, пејачката постигна успех и на приватен план кога пред речиси две години се омажи за филмскиот режисер Таика Вaјтити (46).

Се чини дека приватниот и деловниот живот на оваа двојка одлично се надополнуваат бидејќи Ора и Вејтити често соработуваа, таков беше случајот неодамна на нејзината песна „Ask & You Shall Receive“ и неговиот нов филм „Клара и сонцето“ („Klara And The Sun“).

Фото: Instagram/ britishvogue

Ора ќе се појави и во новото продолжение на франшизата „Потомци: подемот на црвено“ („Disney Descendants: The Rise Of Red“), во која ќе ја игра негативката од „Алиса во земјата на чудата“ – Кралицата на срцата.

Распоредот, вели ѕвездата, ѝ е презафатен, па кога ќе се потрошат батериите – парот ужива во Нов Зеланд, од каде што е Вејтити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот