Фото: Принтскрин/ Твитер (Икс)/ Phys.org

Револуционерно откритие: „Електрична почва“ го забрзува растот на посевите за 50 отсто

Тим од шведски истражувачи создадоа посебен тип на подлога што спроведува струја и ги стимулира корените на растенијата.

Посевите со јачмен растат во просек за 50 отсто повеќе кога нивните корени се електрично стимулирани со помош на нова подлога за растење. Во една студија објавена во списанието „ПНАС“ (PNAS), истражувачите од Универзитетот во Линкопинг, Шведска, демонстрираа „електрична почва“, супстрат што спроведува електрична енергија за растење без земја или хидропоника, пишува „Физ“ (Phys.org).

– Бројот на жители во светот расте, а имаме и климатски промени. Јасно е дека нема да можеме да ја покриеме побарувачката за храна само со постоечките земјоделски методи. Но, со хидропоника, можеме да одгледуваме храна и во урбана средина, во многу контролиран простор – вели Елени Старвриниду, професорка во Лабораторијата за органска електроника на Универзитетот во Линкопинг.

Нејзината истражувачка група развила растечка подлога која спроведува електрична енергија и е направена за хидропоничко одгледување. Го нарекуваат е-почва. Тестовите покажаа дека посевите со јачмен пораснале за 50 отсто побрзо за 15 дена благодарение на електронската стимулација на почвата.

Хидропоничкото одгледување значи дека растенијата се одгледуваат без почва, користејќи само вода, хранливи материи и нешто за кое нивните корени можат да се прилепуваат – подлогата. Во затворен систем, ова овозможува рециклирање на водата. Затоа, потребно е многу малку вода, а сите хранливи материи остануваат во системот, што не е можно со традиционалното одгледување.

– На овој начин можеме да направиме растението да расте побрзо. Сè уште не знаеме како всушност функционира, кои биолошки механизми се вклучени. Она што досега го откривме е дека растенијата подобро го користат азотот, но сè уште не е јасно како електричната стимулација влијае на процесот – рече Старвриниду.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот