Искористениот цртеж на плакатот е позајмен од филмот „Invelle“ на режисерот Симоне Маси

Ревија на современ италијански филм ќе се одржи во киното „Синеплекс“ во Скопје

Настанот „Синема мејд ин Итали“ (Cinema made in Italy), кој во нашава земја се одржува за првпат, е организиран од „Синечита“ (Cinecittà), Италијанскиот институт за култура од Белград, Амбасадата на Италија во Скопје и „Синеплекс“ во „Скопје Сити мол“. Ревијата на современ италијански филм „Синема мејд ин Итали“ ќе се одржи од 6 до 9 ноември во киното „Синеплекс“ во Скопје.

Програмата вклучува четири филма од најновата италијанска продукција, кои беа прикажани на последното издание на Филмскиот фестивал во Венеција: „Убаво лето“ (2023) во режија на Лаура Лукети; „Како овци меѓу волците“ (2023) во режија на Лида Патитучи; „Мими – принцот на ноќта“ (2023) во режија на Брандо Де Сика; и „Адаџо“ (2023) во режија на Стефано Солима.

Филмовите се титлувани на македонски јазик, а проекциите почнуваат во 20 часот. Сите приходи од продажбата на билетите со симболична цена од 120 денари, како и од донациите на посетителите, ќе бидат наменети на Здружението за поддршка на лица со посебни потреби „Дајте ни крилја“ од Скопје, известија од Амбасадата на Италија во Скопје.

Филмската ревија е дел од богатата програма на настани организирани од Амбасадата на Италија во Скопје, по повод одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Италија и Република Северна Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот