
Ретклиф со нови мерки заради финансиската ситуација во Манчестер јунајтед
Финансиската ситуација во англискиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед очигледно е многу посериозна откако новиот сопственик на клубот Сер Џим Ретклиф продолжува да презема мерки во обидите да заштеди пари.
Препорачано
Откако Ретклиф пристигна на Олд Трафорд, беа направени голем број буџетски кратења, божиќната забава беше откажана, а кампањата за донации за поранешните играчи на тимот беше целосно отстранета. Воедно зголемени се и цените на билетите.
Во обид да се заштедат пари Ретфклиф ќе ги ограничи опциите за ручек во мензата на полигонот на само супи и сендвичи за сите освен за играчите од првиот тим.
Една од последните промени беше поврзана со академијата. Неодамна, тимот до 18 години требаше да игра под светлата на Олд Трафорд за младинскиот куп на ФА. На култниот стадион беше предвидено да се одигра натпреварот од петтото коло на турнирот со Транмере. Наместо тоа, управата на Манчестер Јунајтед одлучи да го пресели натпреварот на друг терен за да заштеди 8 илјади фунти. Наместо на Олд Трафорд, играчите до 18 години играа во Леј Спортс Вилиџ на терен со 12.000 седишта.
Сето ова доаѓа во сезона во која клубот плати 15 милиони фунти за да се раздели со Ерик тен Хаг и уште околу 10 милиони фунти за да го договори доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим. Сепак, моментално нема подобрување во перформансите и резултатите на „црвените ѓаволи“, бидејќи тимот го зазема 15 место во Премиер лигата.