
Ретка златна монета со ликот на Брут, убиецот на Јулиј Цезар, продадена за речиси 2 милиони евра
Монета од првиот век пред нашата ера со портрет на Брут, врамена со ловоров венец и воени симболи на задната страна, е продадена на аукција во Женева за 1,98 милиони евра, пишува „Гардијан“.
Препорачано
Предметот е купен од „европски колекционер по интензивна конкуренција меѓу осум онлајн понудувачи“, се наведува во соопштението на организаторите. Оригиналната цена на монетата била повеќе од 800.000 евра.
„Со тежина од осум грама и слично на еврото, тој претставува „дел од историјата“ што ги означува последните поглавја на Римската Република“, изјавил пред продажбата Френк Балдачи, директор на „Нумизматика Женевенсис“.
„Монетата е кована во 43-42 г п.н.е. од Брут и неговите приврзаници, кои го убија Јулиј Цезар во март 44 година п.н.е.“, објаснил Балдаци.
На предната страна е прикажан профилот на Брут опкружен со ловоров венец, а на задната страна се воени симболи кои ги слават неговите воени победи. Ловоровиот венец бил ознака на императорите, а неговото печатење требало да го промовира Брут за оваа позиција. Ова е еден од само 17-те познати артефакти од ваков вид.
Монетата беше видена во педесеттите години во каталогот на приватен колекционер, а подоцна се појави на аукција во 2006 година во Цирих, каде беше продадена на друг приватен колекционер за 360.000 швајцарски франци.