Решение за летните горештини: Личен клима уред со големина на рачен часовник

Фото: Silent Cicada / Ferrari / Profimedia

Сајлент Сикада (Silent Cicada) е ефикасно и еколошко решение за разладување на поединци во текот на летото, по голем физички напор и други слични ситуации. Станува збор за личен клима уред кој е голем колку рачен часовник и тежи меѓу 66 и 82 грама во зависност од моделот, пишува „Пункуфер“.

Директно го лади лицето што го носи, а не воздухот што го опкружува. Истражувањето на престижниот Универзитет МИТ од Соединетите Американски Држави покажа дека со нежно намалување на температурата на рачниот зглоб за неколку минути, поединците чувствуваат сеопфатен ефект на ладење на целото тело.

Фото: Silent Cicada / Ferrari / Profimedia

Црпејќи инспирација од овие откритија, беше откриено дека примената на едноставно перниче за ладење на радијалните и брахијалните артерии може да ги ослободи поединците од непријатноста поврзана со топлина.

Со оглед на тоа што Сајлент Сикада лади само едно лице, а не целиот простор, троши само еден процент од енергијата што ја користи класичниот клима уред и се истакнува како поеколошки решение.

Се нудат четири различни модели, дизајнирани за мажи и прилагодени за жени. Секој модел е направен за да одговара на индивидуалните преференции и потреби.

Фото: Silent Cicada / Ferrari / Profimedia

По потреба, Сајлент Сикада може да се користи и како подлога за ладење во случај на висока температура, а може да се постави на различни делови од телото. Важно е да се напомене дека лицата со висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања треба да бидат внимателни кога го користат овој тип на уреди за ладење.

Персоналните климатизери треба да бидат испорачани на првите клиенти веќе во јули оваа година, а цената на еден ќе се движи од 119 до 240 американски долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот