Фото: МИА / илустрација

Ресенчанец за малку ќе загинел од свој трактор во свој двор

Жител на Ресен е тешко повреден откако, додека менувал дел на неговиот трактор во дворот од неговата куќа, тракторот се придвижил и се превртел, а тој скокнал за да го избегне, соопшти МВР.

„На 21.08.2025 околу 9:15 часот во ОВР Ресен било пријавено дека во дворот од неговата куќа во Ресен, додека Е.З.(63) од Ресен менувал дел на тракторот „фергусон“, тракторот почнал да се движи наназад, по што тој скокнал, а тракторот се превртел. Притоа, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Специјалната болница „Св.Еразмо“ Охрид за укажување помош. Се работи за расчистување на случајот“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот