Фото: Rangers FC/X

Ренџерс стартуваше со пораз, Панатинаикос со убедлива победа над Јанг Бојс

Глазгов Ренџерс запиша пораз на домашен терен од Генк со 0-1 во првото коло од Лига Европа, во меч во кој голема улога одигра црвениот картон на Диоманде. Шкотскиот тим остана со играч помалку уште во финишот на првото полувреме, што белгискиот претставник вешто го искористи.

Генк постигна два гола – едниот беше поништен по ВАР-интервенција, а вториот, дело на Корејцот Ох Хјеон-Гју, беше доволен за победа. Истиот играч утна и пенал. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски доби шанса во последните 10 минути, влегувајќи во игра во 80-та.

Најубедливата победа ја запиша Панатинаикос, кој со 1-4 славеше на гостувањето кај Јанг Бојс. Херој на Грците беше Мароканецот Абас Зарури со хет-трик.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот