Фото: PAOK_FC/x

Реми во ПАОК, Мидтјиланд славеше над Штурм на стартот на Лига Европа

Поделба на бодови на северот на Грција – ПАОК и Макаби Тел Авив одиграа без голови (0:0), додека дански Мидтјиланд со 2:0 го совлада Штурм.

Макаби беше поопасен во првото полувреме – Перец промаши две големи шанси, а во 35. минута гостите погодија, но голот беше поништен поради офсајд.

ПАОК се разбуди во финишот од првото полувреме преку Константелијас, но голманот Мисфати одбрани. Во вториот дел и двата тима имаа шанси – Андраде за Макаби, а Баба за ПАОК, но резултатот остана непроменет. Во самиот финиш Чалов и Камара беа блиску до гол за домаќините, но Мисфати блесна и стана херој на својот тим.

Во вториот меч од вечерта, Мидтјиланд заслужено триумфираше над Штурм со 2:0. Трагичар беше голманот Кристенсен кој прво постигна автогол во 7. минута, а потоа лошо интервенираше во 88. кога Диао со глава го постави конечниот резултат.

Превземено од: https://sport.com.mk/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот