Ременски: Ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска, немам никаква допирна точка со семејството Камчеви

Ременски кажа дека имала средби со Вилма Русковска, но доколку таа имала сомнеж, можела да ја праша.

За бомбастични насловни страни беа добри, но не одговораа во контекстот во кои се кажани работите. Јас искрено дословно не се сеќавам на редоследот на таа комуникација, но можам да кажам дека е сигурно комуникација во тој медиумски интерес и екслклузива кои што ја бркаа медиумите во тој период, рече во студиото на „Слободна ТВ“ во „Утрински брифинг“, потпретседателката на Собранието, Фросина Ременски.

-Во целиот тој период на збиени политички настани по однос на многу прашања со Уставот, Законот за амнестија, претопставува дека медиумски интерес бил многу повеќе фокусиран на решавањето на притворски предмет од СЈО и во тој контекст на медиумски интерес била и таа преписка. Ќе ја искористам оваа прилика, бидејќи се вадеа од контекст пораките од страна на некои новинари кои не ме побараа да дадам свое мислење за таа преписка, сакам да кажам дека најодговорно, по целосна материјалан и кривична одговорност, можам да кажам дека ниту во директна, ниту во индиректна релација и врска немам никаква допирна точка со семејството Камчеви, со Орце Камчев, ниту со случајот „Империја“, освен во оној временски период кога нашата политичка партија излезе со ходограм кој што го објавуваше тогашниот портпарол Петре Шилегов- рече Ременски.

Знам дека имаше, вели Ременским, една таква ситуација кога се објасуваше таа мрежа на „Империја“.

-Тогаш повеќе ме интересирало полициското постапување во бегството на Груевски, па и непостапувањето на полицијата дури и по овој случај, имајќи во предвид дека и во судница и од страна на сведоци се искажаа индикативни работи за обвинителството, а тоа е како си дозволи полицијата и по одредени информации од страна на сведокот Ана Камчева дека се знаело за одредени дејствија, а не се преземало ништо во однос на тоа и биле потребни повеќе од 5 месеци да се пристапи по реализација на овој случај- рече Ременски.

Ременски кажа дека имала средби со Вилма Русковска, но доколку таа имала сомнеж, можела да ја праша.

-Имав средби со обвинителската Русковска и доколку таа имала некаков сомнеж во врска со таа моја преписка или информација како што беше кажано вчера, можела да ме праша и ќе го искористам она слично толкување кое што го кажа судијката Кацарска, дека не е соодветно во ваков контекст на неразјаснети околности да се изнесува сознание или да се нуди доказ кој што можеби е нарачан во контекст на нечие инволвирање во нешто што не е во тој контекст како што е тоа кажано- изјави во „Утрински брифинг“, потпретседателката на Собранието Фросина Ременски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот