фото: Васка М.Младеновска

Рекордни 1.700 учесници од над 30 земји на трката “Трчај бе” во Битола

Во Битола денеска се одржува традиционалната трка “Трчај бе” со рекорден број учесници од над 30 земји. Организаторите на “Трчај бе” по вторпат се организатори на Балканското првенство по полумаратон заедно со Атлетската федерација на Македонија, а исто така во склоп на трката се одржува и Националното првенство во маратон.

– Годинава имаме рекорден број на учесници околу 1.700 од над 30 земји, коишто се натпреваруваат во три трки: на пет, десет километри и полумаратон. Оваа трка освен по рекордниот број на пријавени учесници од Бразил до Јапонија, Америка, Англија, ја одбележува тоа што најдоброто од Балканот е денеска во Битола, со најдобрите македонски атлетичари. На трката ќе учествува и супер ѕвездата во европски рамки Луиза Гега, актуелен европски првак до три илјади метри. Ова е една прекрасна спортска манифестација која се надевам дека ќе се организира долги години – изјави Никола Димитровски, организатор на спортско-рекреативната трка “Трчај бе”.

фото: Васка М.Младеновска

„Трчај бе” е многу повеќе од атлетска трка, бидејќи со оваа манифестација се создава нова спортска приказна за Битола. Претседателката на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска смета дека екипата на “Трчај бе” е млада, прогресивна, амбициозна и одговорна и токму затоа по вторпат се организира Балканско првенство во склоп на трката “Трчај бе” во Битола.

– Првото Балканско првенство беше проба за целиот начин на организација и за нашата заедничка соработка. Многу сум задоволна од организацијата на трката и ме радува што гледам многу позитивни учесници, меѓу кои е и албанската првенка Луиза Гега. Денеска сум посебно возбудена, бидејќи и јас после 15 години ќе трчам на трката и очекувам прекрасни спомени од Битола – вели Војнеска.

фото: Васка М.Младеновска

Таа уште и додава дека организациите на трките без разлика дали се улични, дали станува збор за трки на стадион, може да ги натера младите да видат како изгледа атлетиката и професионалците да бидат стимулација за младите, бидејќи ова е единствениот начин да се промовира во градовите и атлетиката да си го зачува епитетот кралица на спортот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот