
Рекорд паѓа на „Вембли“: Борбата меѓу Фјури и Вајт пред 94.000 гледачи
Големиот боксерски спектакл кој ќе собори еден рекорд е закажан за утре вечер (23 април) на „Вембли“.
Препорачано
Храмот на фудбалот во Лондон ќе забележи невидена посета, бидејќи на борбата меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт, чија влог е шампионскиот појас во тешка категорија во верзијата ВБЦ, ќе има 94.000 гледачи.
Фјури е непоразениот шампион, Вајт предизвикувач, кој своевремено беше спаринг партнер на Фјури во подготовките за легендарната борба со Владимир Кличко. Фјури не боксувал во Англија од 2018 година. Последен пат се бореше во Лондон во 2015 година.
– Да се вратам во Англија по толку многу години, по сè што поминав и направив, да се борам со мојот стар пријател Дилијан за слава и појас, тоа е одлично нешто. Кој би помислил дека ние двајца ќе се сретнеме пред 94.000 луѓе – рече Фјури.
Вајт е аутсајдер, дојде до оваа борба со победата над Русинот Александар Поветкин, минатата година.
– Ова ми значи сè, ова е моментот. Она што го чекав. Малкумина веруваа дека ќе стигнам до оваа сцена. Тука сум, имаше многу неуспеси на мојот пат, но не се предавав. Ова е шансата што ја барав и сонував – вели Вајт.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
23мин
-
41мин
-
60мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5