Украински резервисти вежбаат на полигон кај Киев - Фотографија ЕПА, Сергеј Долженко

Речиси 25.000 парчиња автоматско оружје поделени на граѓаните на Киев

Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје.

Поделени се вкупно 25.000 парчиња автоматско оружје, како и 10 милиони парчиња муниција, соопшти министерот за внатрешни работи Денис Монастирски во видео објавено на социјалните мрежи.

Поделено е о противтенковско оружје, додаде тој.

– Киев сам ќе се брани, рече Монастирски.

Тој нагласи дека е горд кога видел луѓе како ги бранат своите градови, села, улици и куќи.

– Сами се организираат, нема н и грабежи, ни немири, рече Монастирски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот