Фото: Rawpixel

Реченица која никогаш не смеете да ја „гуглате“, бидејќи ќе западнете во сериозни неволји!

Пребарувањето „Дали бенгалските мачки се легални во Австралија“ (Are Bengal Cats legal in Australia) на Гугл може да има сериозни последици за корисникот, велат експертите за сајбер безбедност. Хакерите го искористија ова необично и многу специфично пребарување за да постават лажни веб-страници кои внесуваат вирус на компјутерот од кој се пристапува, пишува британски „Експрес“.

Опасниот вирус што го пренесуваат овие страници ги краде личните податоци, финансиските информации и податоците за најавување, а им овозможува и на хакерите далечински да го контролираат заразениот компјутер.

– Кога пребарувате на Гугл и се појавува порака „нема баш многу добри одговори за ова“, тоа е можност за хакерите. Тие можат да кажат: „Во ред, ќе направам веб-страница што изгледа како да одговара на ова прашање и ќе ја искористам за злонамерни цели“ – рекол Шон Галагер, истражувач од британската компанија „Софос“.

Фото: Global Panorama / Flickr

Специфичниот термин за пребарување е мошне уникатен, со неколку илјади пребарувања, но совршено ја илустрира пошироката стратегија позната како „труење на СЕО резултатите“ (оптимизација на пребарувачите).

Хакерите се фокусираат на такви термини поради послабата конкуренција за да постигнат резултат од високо рангиран резултат, пренесува британски „Мирор“.

Компанијата „Софос“ откри дека тактиката на „труење на СЕО резултатите“ постои уште од 2020 година, но бележи пораст во последната година.

За да го избегнете „труењето“ на резултатите од пребарувањето, се препорачува да ја проверите веб-адресата пред да кликнете на резултатот. Внимавајте на правописните грешки, невообичаените имиња на страниците и на страниците кои неочекувано бараат преземање датотеки или лични информации.

Исто така, од клучно значење е редовно да се ажурираат прелистувачите и оперативните системи, бидејќи најновите верзии се стремат да ги блокираат таквите закани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот