
Рецепти за кремаcти пилешки ролнички со спанаќ и моцарела
Јадење што е лесно и брзо за подготовка, а вкусот ќе го воодушеви дури и најголемиот гурман. Можете да ги послужите ролатите сами или со прилог како тестенини, компири или ориз.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Овие кремасти пилешки ролнички полни со свеж спанаќ, лук и растопена моцарела се идеални за оние што сакаат лесен, но неверојатно вкусен ручек.
Состојки:
– 4 тенки пилешки стекови
– 150 г свеж спанаќ
– 100 г моцарела (рендана или на парчиња)
– 2 чешниња лук (ситно сечкан)
– 2 лажици маслиново масло
– сол и бибер по вкус
– 100 мл неутрална павлака за готвење
– чепкалки или кујнски конец
Подготовка:
Загрејте го маслиновото масло и пропржете го лукот, па додајте го спанаќот. Пржете додека не омекне. Оставете да се излади.
Пилешките стекови истенчете ги ако треба, посолете ги и зачинете ги со црн пипер.
На секој стек ставете по малку од спанаќот и моцарелата, па внимателно свиткајте и прицврстете со чепкалка.
Испечете ги ролните во тава со малку масло додека добијат златна кора.
Додајте ја павлаката и оставете 5-7 минути на тивок оган да се готват во сосот.
Послужете со пире од компири или свежа салата.
Совет:
За поинтензивен вкус, додајте малку рендан пармезан пред сервирање. Одлично одговара со чаша суво бело вино.