
Рецепт за здрав „фаст фуд“ оброк: Фалафел кој лесно можете да го подготвите дома
Здравиот „фаст фуд“ оброк од Блискиот Исток, направен од наут, свежи билки и зачини кои се обликувани во мали колачиња или топчиња, го освои светот со својот вкус во последните неколку години.
Препорачано
Се смета дека фалафелот потекнува од Египет бидејќи верниците од Коптската католичка црква барале добра замена за месо за време на долгите сезони на пост. Се сервира во форма на сендвич со прелив од таан и многу медитеранска салата, со парчиња печен или пржен модар патлиџан.
Ова веганско јадење се подготвува од едноставни, секојдневни состојки и нема да ви се верува колку е лесно да го направите дома. Одличните состојки се клучни за одличен краен производ.

Состојки:
• 200 г сув наут, натопен преку ноќ
• 1 кромид
• 50 г магдонос
• 15 г коријандер
• 1 мала зелена чили пиперка
• 3 чешниња лук
• 1 лажичка ким
• 1 лажичка сол
• 1/4 лажичка црн пипер
• 1-2 лажици брашно од наут
• 1/2 лажичка сода бикарбона
• масло за пржење
Подготовка:
• Наутот потопете го во вода преку ноќ. Потоа исцедете го и ставете го во блендер заедно со кромидот, магдоносот, коријандерот, биберот, лукот, кимот, солта и црниот пипер.
• Мешајте додека смесата не добие структура на влажен песок.
• Префрлете ја смесата со фалафел во сад и додајте ги брашното од наут и сода бикарбона. Се меша, па се става во фрижидер 30 минути за да се впие вкусот и смесата малку да се стегне.
• Обликувајте го фалафелот во топчиња со раце.
• Откако ќе ги обликувате топчињата за фалафел, пржете ги на масло на средна температура 3-4 минути или додека не добијат златна боја. Извадете ги во чинија обложена со хартиена крпа за да се впие вишокот маснотии.
• Послужете го фалафелот со сос од таан, пита леб и свежа салата.
• Мал совет на крајот: ако смесата ви е премногу влажна, можете да додадете уште една лажица брашно од наут. Ако пак е премногу сува и ронлива, можете да додадете една или две лажички вода или сок од лимон.