Рецепт за виенска штрудла, eдно од националните јадења на Австрија

Фото: Wikimedia Commons

Виенската штрудла е едно од националните јадења на Австрија, која, за разлика од питата со јаболка, содржи и сушено овошје, како суво грозје или кајсии, и често се сервира прелиена со мазен сос од ванила или со топка сладолед.

Оние што сакаат да дознаат повеќе, штрудлата ќе ја направат од домашни кори, но ако немате време или волја, можете да користите и готови кори. Најбрзиот начин да направите сос од ванила е да користите прашок за пудинг и да додадете уште малку млеко за да се разреди.

Состојки:

– 1 пакување готово тесто
– 1 кг кисели јаболка
– 100 грама шеќер
– 50 грам растопен маргарин
– цимет
– малку рум
– суво грозје

Фото: Wikimedia Commons

Подготовка:

Тестото премачкајте ја со растопениот маргарин и врз него наредете ги јаболката што претходно сте ги излупиле и исечкале на коцки со големина од еден сантиметар.

Врз нив наросете шеќер, цимет и суво грозје што претходно сте го натопиле во рум. Замотајте го тестото во ролат, нежно направете дупчиња со помош на виљушка и ставете го во намастена тава.

Печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу половина час до 40 минути додека тестото не добие златна кора. Оставете малку да се излади, исечете неколку парчиња, наросете со шеќер во прав и послужете со шлаг или сладолед од ванила.

Совет плус: доколку не сакате цимет или суво грозје, можете да додадете сечкани ореви, бадеми или други јаткасти плодови по ваш избор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот