Фото: Профимедиа

Рецепт за турска млечна пита: Ваков деликатес не сте пробале!

Подгответе ја оваа пита без да трошите многу време и пари. Кога еднаш ќе ја пробате, постојано ќе ја имате на вашата трпеза.

Состојки:

– 10 кори за пита
– 70 грама путер

За прелив:

– 800 мл свежо млеко
– 100 грама кафеав шеќер
– 100 грама бел шеќер
– ванилин шеќер
– 4 јајца

За крем:

– 500 мл свежо млеко
– 4 лажици брашно
– 3 лажици шеќер
– 1 ванилин шеќер
– малку путер
– 2 јајца

Подготовка:

Најпрво направете го кремот. Во тенџере ставете 400 мл млеко и шеќерот. Почекајте да се растопи шеќерот. Млекото не треба да врие. Во друг сад изматете ги јајцата, потоа додајте ги брашното, ванилата и преостанатите 100 мл млеко. Сипете ја оваа смеса во топлото млеко. Мешајте додека да се соедини и вратете на шпорет да се свари кремот. Додајте го путерот и мешајте. Префрлете го кремот во порцелански сад и покријте со фолија, за да не се направи кора на површината. Оставете целосно да се излади.
Растопете 70 грама путер. Плехот за печење подмачкајте го, па ставете две кори. Попрскајте со путерот. Потоа, земете кора и намачкајте со кремот. Згужвајте ја како хармоника и ставете ја врз двете кори. Продолжете ја постапката додека да завршат корите. Печете на 170 степени, додека питата да зацрвени. Оставете ја да се излади.
Направете го преливот од дадените состојки, прелијте ја питата и вратете да се пече на 180 степени, додека да биде готова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот