Фото: Unsplash

Рецепт за торта со црно чоколадо: Ваков десерт не сте пробале!

Комбинацијата на црно чоколадо и кокосово брашно го прави овој колач омилен кај многу генерации. Интересна текстура и интензивен вкус што ќе ја задоволи вашата желба за слатко уште при првиот залак.

Чоколадото има позитивно влијание врз расположението. Влијае врз когнитивната функција на мозокот и го зголемува нивото на биохемиските невротрансмитери како серотонин и ендорфин.

Главната нутритивна одлика на кокосот е што дава многу енергија и поттикнува добро расположение. Богати со здрави масни киселини, кокосовите снегулки го стимулираат метаболизмот, а со тоа индиректно влијаат врз намалување на телесната тежина. Ќе ви дадат инстант енергија, а се далеку поздрава алтернатива на чоколадните трошки во тортите и чоколадите.

Состојки:

– 200 грама црно чоколадо
– 130 грама кокосово брашно
– 120 милилитри павлака
– 120 милилитри јогурт
– 240 милилитри млеко
– 80 милилитри масло
– 1-2 ванилин шеќер
– 250 г брашно
– 1 лажица гриз
– 1 лажичка прашок за печиво

За глазура:

– 100 г црно чоколадо
– 2 лажици масло

Подготовка:

Стоплете го млекото и додајте го чоколадото за да се растопи. Одделно измешајте ги сувите и влажни состојки, потоа измешајте ги заедно и префрлете ги во помал сад за печење или калап за помали колачи што ќе ги посипете со брашно за да не се залепи тестото.

Печете околу 25-30 минути на 180 степени Целзиусови и користете чепкалка за заби за да проверите дали вашиот десерт е готов. Ако е чисто, без трошки од тесто, подготвено е да се извади од рерна.

Кога колачот ќе се испече, извадете го и прелијте го со чоколадната глазура додека е уште врела. Направете чоколадна глазура со топење на чоколадните коцки за готвење на пареа и со мешање со маслото.

Добар апетит!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот