Фото: pexels-alleksana

Рецепт за сочни и меки лазањи кои би можеле да ги јадете секој ден

Месо, тестенина, крем сос, кашкавал. Јадењето кое ги содржи сите овие состојки мора да биде добро, нели? На крајот на краиштата, докажано е дека постои поврзаност помеѓу одредени намирници и подобрување на емоционалната состојба, а тестенините се издвојуваат како храна која може да го зголеми чувството на среќа.

Тестенините доаѓаат во безброј големини и облици и се една од најконзумираните намирници во светот. Денеска ви носиме рецепт за лазања, познато италијанско јадење кое го освои целиот свет. Има, секако, варијанти на лазањи, но денес ги подготвуваме класичните, со мелено месо и бешамел сос.

Состојки:

500 гр лазања (едно пакување тестенини)
200 гр моцарела
100 гр рендан кашкаавал по желба
80 г путер
80 г брашно
1 литар млеко
50 г рендан пармезан
0,5 лажичка рендано морско оревче
сол, бибер

За сосот болоњезе:

1 кг мешано мелено месо
2 големи главици кромид
2 моркови
3 чешниња лук
500 мл пасирани или сецкани домати
2 лажици масло
2 дл црвено вино
сол, бибер, црвен пипер, ловоров лист, магдонос

Подготовка:

Кромидот ситно исечкајте го, а морковот исчистете го и изрендајте го. Притиснете го или исечете го лукот на мали парчиња.
Во маслото продинстајте го кромидот, па по 5 минути додадете ги морковот и лукот. Мешајте додека не омекне.
Додадете го месото и добро измешајте го да се одвојат грутките и соединете ја смесата со кромидот и морковот. По околу 10 минути, покријте го месото со црвено вино.
Продолжете со мешање, додавајќи малку супа доколку е потребно.
По 20-тина минути се прелива пасираниот домат или се додаваат сечканите пелата и се зачинува по желба.
Посолете, бибер, црвен пипер, а ако сакате малку посилен вкус, можете да додадете и пеперончино. Во зависност од тоа колку густо го сакате сосот, можете да додадете повеќе вода или да ја намалите количината на домати.
Добро измешајте и оставете уште десетина минути на тивок оган. Извадете го од шпоретот.

Подготовка на бешамел:

Растопете го путерот во длабок тенџере со широко дно.
Кога путерот ќе се растопи, додадете го брашното и брзо промешајте околу една минута, а потоа почнете да го додавате млекото малку по малку.
Мешајте цело време и кога сосот ќе почне да се згуснува додадете го остатокот од млекото.
Додадете сол, бибер, морско оревче. Тргнете го од оган и додадете го ренданиот пармезан, па уште еднаш убаво измешајте да се соедини.

Склопување на лазањите:

Во зависност од упатствата на пакувањето со тестенини, можеби ќе треба кратко да ги натопите во вода, но некои може да се стават директно во рерната.
Исечете ја моцарелата, изрендајте го кашкавалот.
На дното од тавата ставете една лажица бешамел и една лажица Болоњезе, па намачкајте ја да ја покрие целата површина.
Врз сосот ставете го првиот слој тестенини. Искинете ги парчињата за да добиете димензија која ќе ги пополни сите „дупки“.
Ставете голема количина бешамел врз тестенините, потоа болоњезето, па кашкавалот.
Ставете го слој по слој додека не ги потрошите сите тестенини. Последниот слој обилно покријте го со бешамел, а потоа премачкајте ја преостанатата моцарела и покријте со рендан кашкавал.
Печете околу 50 минути на 180 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот