
Рецепт за шпански омлет со компири: Се прави од три состојки што секогаш ги имате дома
Шпанскиот омлет или тортилја од компири е еден од омилените традиционални специјалитети во оваа сончева, прекрасна земја, а неговата популарност не нè изненадува – се прави многу лесно и со само три главни состојки што речиси секогаш ги имате во кујната!
Препорачано
Овој омлет се подготвува брзо, па е одлично решение за ручек ако ви дојдат неочекувани гости. Состојките за него обично секогаш ги имате во фрижидер, а нема да се засрамите кога ќе им го послужите на гостите. Секогаш можете да го збогатите со дополнителни состојки по желба, во форма на печурки, пиперки, домати и спанаќ, или можеби пилешко, колбаси или сланина.
Шпанскиот омлет е многу практично решение и за појадок, а добрата вест за сите домаќинки што го штедат домашниот буџет е што е многу евтин оброк.
Состојки:
– 1 кромид
– 4 јајца
– 4 средни компири
– масло, сол, бибер, зачини по желба

Подготовка:
1. Компирите се лупат, па се сечат на тенки коцки. Исечете го кромидот на тенки ленти.
2. Во тава загрејте го маслото, додајте ги кромидот и компирите и динстајте додека компирите не поруменат.
3. Изматете ја кајганата од јајца, па додајте ги пржените компири и кромидот (кој претходно сте го исцедиле од вишокот масло) и сè заедно измешајте.
4. Во тавата повторно загрејте го маслото, па додајте ја новата смеса. По неколку минути покријте ја тавата со чинија, па превртете ја за да остане тортилјата на чинијата, па повторно вратете ја во тавата, за да порумени и од другата страна.
5. Тортилјата е готова кога и другата страна ќе зарумени. Повторно префрлете ја во чинијата на горенаведениот начин за да не ја изгуби формата.
6. Се сече на триаголници и се служи со сирење или кисело млеко и сезонска салата.
Добар апетит!