Фото: Rosario Bergamasco / Alamy / Alamy / Profimedia

Рецепт за шпанска пита, позната и како „шарена проја“

Некои ја викаат „мрзлива пита“, некои едноставно си ја викаат „шарена проја“, а во суштина овие варијации се една иста пита – а тоа е шпанската пита.

Интересно е што во основа, шпанската пита е микс од медитерански комбинации на состојки. Во неа има и кисели краставички и пиперка, што значи дека ако имате дома од оваа туршија – питата е полн погодок за да ја подготвите овој период.

И навистина, се прави брзо, а и се јаде исто така брзо. Шпанската пита е одлична за брз појадок или вечера кога немаш идеја што да зготвиш.

Состојки:

– 4 јајца
– 1 мала лажичка сол
– 200 мл масло
– 400 мл млеко
– 200 грама пченкарно брашно (не палента)
– 200 грама пченично брашно
– 1 прашок за печиво
– 200 грама кашкавал по ваш избор
– 200 грама шунка
– 100 грама сечкани кисели краставички
– 100 грама сечкани црвени кисели пиперки

Фото: Wikimedia commons

Подготовка:

Во длабок сад изматете ги јајцата со маслото, млекото и солта. Настрана измешајте ги брашната со прашокот за печиво и додајте ги во течната смеса.

Кашкавалот и шунката исечкајте ги на ситни коцки и додајте ги во смесата, а сосема на крај краставичките и пиперките.

Добро промешајте ја смесата и сипете ја во намастен плех. Шпанската пита печете ја 20-25 минути на 200 степени, додека добро не зарумени.

Може да ја послужите со јогурт за појадок, или пак, за вечера.

Уживајте!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!