Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

Рецепт за прочуената македонска пастрмалија
Пастрмајлија е едно од најобожаваните јадења кај нас. Традиционалната пастрмалија има долгнавест облик со сечкано месо врз неа. Името потекнува од зборот пастрма, што значи солено и сушено месо од овца или јагне.
Препорачано
Во чест на пастрмалијата, секоја година во Штип традиционално се одржува манифестацијата наречена „Пастрмалијада“. Во 2011 година, штипската пастрмалија станала бренд со кој се озаконува нејзиното брендирање. Иако службено се нарекува пастрмалија, популарното име помеѓу македонскиот народ е „пастрмајлија“.
Состојки:
– 1 кг брашно
– 20 г квасец
– малку сол, мелен црвен пипер
– 800 г свинско месо
– малку свинска маст
Подготовка
1. Претходниот ден месото исечкајте го на коцки, посолете, ставете мелен црвен пипер и оставете го во фрижидер.
2. Квасецот со малку топла вода и брашно оставете го квасецот да нарасне.
3. Замесете го тестото со квасецот, малку сол и топлата вода, за да биде со средна јачина.
4. Оставете го да се удвои.
5. Тестото поделете го на 8 топчиња.
6. Секое по малку со сукало, по малку со раце формирајте го на овој начин.
7. Одозгора наредете месо и малку свинска маст.
8. Ставете да се пече во рерна, на 180 степени, не долго, најмногу околу половина час.
9. Кората можете да ја премачкате наоколу со масло во кое сте ставиле малку мелена пиперка и повторно да ја ставите во рерна уште 5 минути.
10. Кога ќе ја извадите, завиткајте ја во кујнска хартија, одозгора покријте со крпа и оставете ја да одмори…
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
35мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5