Портокал и грејпфрут, витамин ц/Piksabay
Портокал и грејпфрут, витамин ц/Piksabay

Рецепт за природен витамин Ц: Спас за имунитетот и секојдневен пријател на вашето здравје

Изворот на витамин Ц во вакви преодни сезони е многу важен. Кога наоколу сме опколени со настинки, алергии, пост-ковид ситуации, многу е корисно да знаете како самите да си направите природен витамин Ц.

Имено, витаминот кој се наоѓа во овошјата, најчесто цитрусни, не е истиот витамин ц со аскорбинската киселина, односно синтетичкиот витамин ц и е добиен од генетски модифицирана пченка.

Како да си подготвите домашен витамин ц?

Едноставно е: Треба да си набавите цитрусни овошја – лимон, портокал, грејпфрут, лимета, мандарина. Најдобро е да користите органско овошје, затоа што ќе ви треба кората.

Откако ќе изедете портокал, лимон, или било кое овошје, кората не ја фрлајте – насечкајте ја и ставете ја во чиста ткаеина или на чинија неколку дена на собна температура додека сосем не се исуши и стане крцкава. Потоа таа сува кора ставете ја во блендере, измиксирајте ја и ќе добиете прав – тоа е вашиот домашен витамин ц!

Чувајте го цитрусниот прав во добро затворен сад, можете во тегла, и најдобро е да биде на суво и ладно место.

Како се конзумира?

Не се работи за тоа колку милиграми витамин Ц внесувате, туку колку витамин Ц вашето тело апсорбира. Кога тропските овошки содржат висока доза витамин ц, тогаш во 100 грама кора може да се најде дури 130 милиграми витамин ц. Дури и самиот плод на портокалот дава околу 71 мг на 100 грама овошје. Овие цитруси се полни со ензими и фитонутринети.
Можете да конзумирате по една лажичка дневно во вашите овесни каши, врз салата, во сокови, во десерти, па дури и во супа. Ќе се изненадите и воодушевите колку ќе биде подобрен вкусот, а вие ќе имате одличен оброк збогатен со витамин ц.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот